Нервен систем

Симптом на недостаток на витамин Б12 нарушувања на меморијата - Ризик во напредната возраст

Време на читање 1 минути
Споделете
[Translate to Macedonian:] [Translate to English:]

Животниот век на Германците продолжува да се зголемува. Сепак, многу луѓе сакаат не само да стареат, туку и да можат да уживаат во староста, да бидат „физички и ментално способни“. Доволното внесување на најважните биофактори исто така игра голема улога во староста за да се зачува физичкото и менталното здравје што е можно подолго. Витаминот Б12 е особено важен за долгорочно одржување на нервите и минимизирање на ризиците од Алцхајмерова болест.

nightsky.jpg
Витамин Б12 и неговите задачи во нервниот систем

Витаминот Б12 извршува многу важни задачи во нашиот метаболизам и меѓу другото, игра клучна улога во заштитата на нашите нерви. Ова е точно во буквална смисла. Без кобаламин, познат и како витамин Б12, миелинските обвивки не можат да се формираат. Тие ги опкружуваат нашите нервни влакна и слично на изолацијата на кабелот, обезбедуваат правилен пренос на информациите содржани во нервните завршетоци. Доволно внесување на витамин Б12 обезбедува таканаречени добри нерви. Витаминот Б12 исто така игра улога во синтезата на хормони и невротрансмитери. Ако недостасува, на тој начин нашите нерви се оголени. На долг рок, тоа резултира со недоволно добар пренос на сигнали до нервните завршетоци и тоа доведува до состојба на нарушена меморија, абнормални сензации и слично. Овие абнормални сензации, како што инаку се нарекуваат, се физички сензации и не се во причинско-последична врска со психолошките оштетувања.

За разлика од многу други причини кои можат да доведат до нарушување на меморијата, недостатокот на витамин Б12 може да се открие рано и соодветно да се третира
 

Симптоми на недостаток на витамин Б12: оштетување на нервите и нарушувања на меморијата

Бидејќи витаминот Б12 се депонира во црниот дроб долго време, недостатокот на овој витамин може да се развива постепено, подолг временски период. Симптомите на дефицит се различни, поради различните функции на витаминот и може долго време да се отфрлаат и за неговиот дефицит едностано да се каже дека е „знак на стареење“. Недостатокот на витамин Б12 често се идентификува само кога се развива најтипичниот симптом на недостаток на витамин Б12 - хиперхромна анемија. Хиперхромната анемија е посебна форма на анемија која се развива поради недоволното создавање на црвените крвни зрнца. Меѓутоа, кога станува забележлива, често е предоцна за рана дијагноза и третман. Тоа е затоа што невролошкото оштетување предизвикано од дефицитот на витамин Б12 може да се развие многу порано без да биде забележано и ако остане нетретирано предолго, може да биде неповратно. Поврзувањето на неспецифичните невролошки симптоми како што се нестабилност при одење, конфузија и нарушувања на меморијата со можен недостаток на витамин Б12 сеуште се случува многу ретко и како резултат на тоа, овие состојби остануваат нетретирани долго време. Недостатокот на витамин Б12 е тесно поврзан со ризикот од развој на деменција, што го поврзува ниското ниво на витамин Б12 со нарушувања на меморијата и Алцхајмерова деменција во рана фаза. Ова е прикажано во една неодамнешна студија која воспоставува врска помеѓу нивото на витамин Б12 и благото когнитивно оштетување.

Витамин Б12 и причините за деменција

Појавата на деменцијата секако може да има повеќе причини за нејзининото појавување. Општо земено, васкуларните и невродегенеративните проблеми се причината за појава на деменција, односно нарушувања на циркулацијата во мозокот и дегенерација на нервните клетки. Сепак, пет до десет проценти од сите дијагнози на деменција имаат причина што може да се лекува како што е пријавено, на пример, од страна на PD д-р Џукив , Гетинген. Недостатокот на витамин Б12 игра голема улога во ова. Сепак, за разлика од многу други причини за тешки нарушувања на меморијата, недостатокот на витамин Б12 може лесно да се лекува и затоа пожелно е да се открие рано. Само тогаш симптомите на недостаток може да се контролираат, па дури и да се подобрат, во најдобар случај.

cooking.jpg
Болести, лекови, исхрана: Ова е причината зошто постарите лица често се погодени од недостаток на витамин Б12

Во 2003 година, една британска студија, утврди дека ризикот од недостаток на витамин Б12 се зголемува со зголемувањето на возраста. Се покажа дека 10 отсто од луѓето постари од 65 години страдаат од недостаток на витамин Б12, а 20 отсто од испитаниците над 75 години страдаат од недостаток на витамин Б12. Причините за недостаток на витамин Б12 генерално се должат или на неадекватен внес на витамини преку исхраната - можеби во случај на неурамнотежена исхрана и слаб апетит или нарушена апсорпција на витаминот во гастроинтестиналниот тракт поради природното намалување на транспортниот протеин со возраста. Болестите кои може дополнително да ја нарушат апсорпцијата на витаминот Б12 од цревата се хронични гастроинтестинални заболувања. Администрацијата на лекови за дијабетес, како што се метформин и инхибитори на протонска пумпа (на пример, омепразол, пантопразол) кои го инхибираат прекумерното формирање на гастрична киселина, исто така ја нарушуваат апсорпцијата на витаминот Б12. Овие фактори често се спојуваат во случај кај постари лица, особено ако живеат во старечки дом каде оброците често не можат да се подготват според индивидуалните потреби на пациентите, па поради тоа постарите лица претставуваат група на ризик за недостаток на витамин Б12.

Како може да се надополни недостатокот на витамин Б12

Секое сомневање за недостаток на витамин Б12 треба веднаш да се испита и разјасни. Ве молиме разговарајте за ова со вашиот матичен лекар. Сепак, едноставната крвна слика не е најсоодветен метод за идентификување на недостаток. Посоодветен метод е мерење на различните маркери на недостаток на витамин Б12 додека не се потврди дијагнозата. Потоа, недостатокот може лесно да се надомести со терапија со високи дози на витамин Б12 во форма на таблети, или пак на почеток кај посериозен недостаток на овој витамин со аплицирање на витамин Б12 преку инјекции. Откако ќе се надомести недостатокот - под услов да нема нарушувања на апсорпцијата – може да се продолжи со препорачаната доза од 3 µg на ден.
 

Wörwag Pharma GmbH & Co. KG - Опсегот на информации обезбедени на www.woerwagpharma.de за личното здравје е исклучиво за Ваша информација и во никој случај не заменува лична консултација, преглед или дијагноза од лиценциран лекар. Содржините достапни на www.woerwagpharma.de не можат и не смеат да се користат за поставување дијагнози и/или земање лекови самостојно. Ве молиме, исто така, обратете внимание на исклучувањето на одговорноста и нашите индикации за правата на сликата.

Споделете
Ние сме тука да ви помогнеме!
Контакт