Имунолошки систем

Проблеми со кожата? Погрижете се да внесувате доволно количество на цинк!

Време на читање 2 минути
Споделете
[Translate to Macedonian:] [Translate to English:]

Нашата кожа значително влијае на нашиот надворешен изглед. Затоа е стресно кога ќе се појават мозолчиња или кога кожата е ронлива, чеша и е воспалена. Може да биде дури и опасно ако раните лошо зараснат и се инфицираат. Една од основните причини за проблеми со кожата е недостатокот на цинк, како што потврдуваат студиите.

Атопичен дерматитис и недостаток на цинк

Кожата е црвена, иритирана, сува и чеша. Атопичен дерматитис (исто така наречен неуродерматитис) е честа хронична воспалителна болест на кожата. Научниците потврдуваат дека пациентите со атопичен дерматитис имаат значително помала концентрација на цинк во црвените крвни зрнца од луѓето со здрава кожа. Колку е помала содржината на цинк во клетките, толку е поизразена состојбата на кожата. Затоа, истражувачите гледаат можна поврзаност помеѓу прогресијата на дерматитисот и метаболизмот на цинкот во телесните клетки (Karabacak E et al., Postepy Dermatol Alergol . 2016 октомври; 33(5):349-352). Научниците од Јужна Кореја направиле слични набљудувања: откриле значително пониско ниво на цинк во косата на пациентите со атопичен дерматитис. Откако овие луѓе биле третирани со цинк осум недели, не само што се зголемила содржината на цинк во нивната коса, туку и нивниот тен значително се подобрил (Kim et al. Acta Derm Venereol 2014; 94:558-562).

Помалку мозолчиња

Поврзаноста помеѓу проблемите со кожата и недостатокот со цинк веќе беше докажана во претходните студии исто така и со акните: француските научници од Нант утврдија дека земањето поголема доза на цинк (30 mg/ден) може да го намали воспалението поврзано со мозолчиња ( Dreno et al. Dermatology 2001; Во друга студија, тримесечен третман на воспалителни акни со високи дози на цинк се покажа исто така успешен како и антибиотскиот третман ( Michaelsson G et al. Br J Dermatol.; 1977; 97 (5): 561-6).

Недостатокот на цинк може да го наруши обновувањето на кожата и заздравувањето на раните, како и одбранбената функција на кожата.

Значење на цинкот

Секој кој внимателно ќе ги погледне функциите што цинкот ги извршува во нашето телото ќе разбе зошто недоволното внесување на цинк е од толкава важност: повеќе од 400 ензими, биокатализатори и 2.000 протеини имаат потреба од цинкот за да функционираат. Овој незаменлива микроелемент е потребен за бројни метаболички процеси. Цинкот е особено важен за клеточната делба. Затоа, недостатокот на цинк е особено забележлив во ткивата со висока стапка на клеточна делба и метаболичка активност. Ова ја вклучува кожата, која постојано се обновува. Цинкот исто така игра важна улога за имунолошкиот систем. Поради тоа, недостатокот на цинк може да го наруши здравото обновување на кожата и заздравувањето на раните, како и одбранбената функција на кожата. Ова може да доведе до воспаление, мозолчиња, лушпеста, сува кожа, егзема, нарушувања во заздравувањето на раните и алергии.

Како доаѓа до недостаток?
  • Говедско месо
  • Изнутрици
  • Пченица
  • Овесна каша
  • Јаткасти плодови
  • Мешунки
  • Леб од цело зрно 

Сите овие намирници содржат високо ниво на цинк. Храната од животинско потекло има тенденција да содржи повеќе цинк отколку храната од растително потекло. Меѓутоа, вторите содржат и растителни материи кои ја инхибираат апсорпцијата на цинк во цревата. Дури и со балансирана исхрана, дефицитот на цинк може да се појави кога се зголемува потребата од цинк на телото, на пример поради болест, стрес, бременост или за време на фазата на раст. Апсорпцијата на овој микроелемент исто така може да биде нарушена, на пример при земање на лекови, гастроинтестинални заболувања или намалена способност на дигестивниот тракт да го транспортира цинкот во телото.

Латентен недостаток на цинк не е невообичаен. Ова лесно може да се развие кога исхраната содржи помалку цинк отколку што му е потребно на телото. Затоа треба да се погрижите да внесувате доволно цинк со баланскирана исхрана.

cooking.jpg
Совети за исхрана

Истражувањата покажуваат дека почестото јадење риба може да го подобри изгледот на кожата склона кон акни. (Kucharska A et al. Postepy Dermatol Alergol . 2016 април; 33(2): 81–86) Рибата содржи здрави масни киселини и цинк. Од друга страна, неповолна е храната која доведува до брзо зголемување на шеќерот во крвта, како што се храната направена од бело брашно и слатки. Белиот леб, пицата, колачите, слатките и слична храна може да ја влошат воспалената кожа и да ја зголемат големината на лојните жлезди. Зеленчукот, производите од цели зрна, мешунките и јаткастите плодови се корисни, бидејќи полека го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и исто така содржат важни хранливи материи за мазна, здрава кожа.

При атопичен дерматитис, одредени видови храна понекогаш може да ја влошат состојбата на кожата. Сепак, ова се разликува од личност до личност и не е општа препорака. Затоа треба да јадете разновидна исхрана и да набљудувате дали вашата кожа реагира по јадење на одреден вид на храна. Тестот за алергија исто така може да биде од полза.
 

Woerwag Pharma GmbH & Co. KG – Информациите за личното здравје дадени на www.woerwagpharma.de се само за информативни цели и во никој случај не го заменуваат личниот совет, преглед или дијагноза од лиценциран лекар. Содржината достапна на www.woerwagpharma.de не може и не смее да се користи за поставување независни дијагнози и/или да доведе до самолекување. Забележете го и одрекувањето од одговорност и нашите 

Споделете
Ние сме тука да ви помогнеме!
Контакт