Кога се јавува зголемена потреба од витамин Б12
Без разлика на возраста и полот, препорачаната дневна доза на витамин Б12 за здрави возрасни лица е 3 µg. Доколку се применува здрава избалансирана исхрана, состојба на намалена концентрација на витамин Б12 се појавува многу ретко кај здрави возрасни лица, но може да се дојде до состојба на недоволна апсорпција на витамин Б12 која обично се случува при изложеност на зголемен стрес на индивидуата во времетраење на подолг временски период. Во овој случај, се препорачува суплементација за да се спречи недостаток на витамин Б12. Доколку е откриен недостаток на витамин Б12, Ве молиме консултирајте се со вашиот лекар и разговарајте со него за конкретни медицински терапевтски опции. Кај бремени жени и доилки има зголемена потреба за внес на витамин Б12 - препорачана дневна доза е 3,5 до 4 μg витамин Б12. На почетокот на бременоста, консултирајте се со вашиот гинеколог за начиот на исхрана во текот на бременоста.
Постарите лица , индивидуи изложени на зголемен стрес, бремени, доилки, вегани или вегетаријанци, се најчести групи на пациенти кај кои може да се јави недостаток на витамин Б12.