Иако спиете доволно, цело време се чувствувате уморни и исцрпени. Ви се чини дека мозокот ви е “заматен”. Ви треба повеќе време од вообичаено да се концентрирате и размислувате. Оваа состојба на постојан замор може навистина да претставува голем предизвик за лекарите, затоа што може да биде предизвикана од многубројни причини и состојби на пациентот кои не е лесно да се разјаснаст и дијагностицираат. Меѓутоа, во случај на соодветни симптоми, секогаш треба да се земе во предвид можен недостаток на витамин Б12, чиј недостаток може да доведе до чувство на зголемен умор.
Замор – недостатокот на витамин Б12 може да стои зад мистериозното постојано чувство на умор
![[Translate to Macedonian:] [Translate to English:] [Translate to Macedonian:] [Translate to English:]](/fileadmin/_processed_/1/a/csm_lake_9ccad3aef8.jpg)
Хронично исцрпување
Постојано се чувствувате како да немате енергија, и имате чувство дека неможете да функционирате нормално во текот на денот. Потрагата по причините за чувството на ниска енергија е често напорна. Заморот често може да биде предвизвикан како последница на некои хронични заболувања, но исто така може да се јави и при состојби на зголемен психолошки стрес, присуство на некоја инфекција а исто така заморот е и еден од најчесто јавуваните пост-Ковид несакани ефекти.

Размислете за можен недостаток на витамин Б12
Меѓутоа, понекогаш причината за постојано чувство на замор може да се должи и на недостаток на одредени витамини во организмот. Недостатокот на витамин Б12, на пример, може да се манифестира со симптоми на замор. Овој недостаток, кој е широко распространет кај одредени ризични групи на пациенти, се развива постепено и влијае на формирањето на црвените крвни зрнца и исто така игра значајна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем. Кај овие индивидуи може да се јави чувство на недостаток на енергија, умор, потешкотии со концентрацијата и симптоми на депресивно расположение. Доколку недостатокот на витамин Б12 не се коригира навреме, може да дојде до сериозно оштетување на нервите како и нарушувања во формирањето на црвените крвни зрнца.
Кој е во ризик?
Една од можните причини за недостаток е недоволното внесување на витамин Б12 преку храната. Особено често се погодени веганите или вегетаријанците, бидејќи витаминот Б12 го има речиси исклучиво во храната од животинско потекло - особено во месото. Сепак, самото чувство на исцрпеност и состојбите како што се инфекции или стрес, исто така, може да придонесат за недоволно снабдување со витамин Б12, бидејќи исхраната често се занемарува во овие ситуации.
Витаминска “стапица” на дигестивниот тракт
Сепак, недостатокот на витамин Б12 не може секогаш да се објасни со навиките во исхраната. Често зад него стојат нарушувања во дигестивниот тракт, што го отежнува преминувањето на витаминот од храната во крвта. Тоа може да бидат хронични гастроинтестинални заболувања, но и незабележани нарушувања, како што е недоволно формирање на гастрична киселина или транспортен протеин за витамин Б12. Некои лекови, како што се инхибиторите на протонска пумпа кои често се користат за стомачни проблеми или лекот за дијабетес метформин, исто така можат да предизвикаат недостаток на витамин Б12.
Корегирајте го дефицитот
Ако луѓето постојано чувствуваат недостаток на енергија и се уморни, препорачливо е да се размисли и за можен недостаток на витамин Б12. Матичниот лекар може да го открие тоа преку анализа на крвта. За да се компензира недостаток на витамин Б12, потребно е да се внесе доволно висока доза. Таблетите кои содржат 1.000 микрограми витамин Б12 се покажаа како ефикасни во терапија на недостаток на витамин Б12, дури и во случај на нарушување на апсорпцијата. Откако ќе се надомести недостатокот, симптомите како што се замор и исцрпеност обично се намалуваат, и кај пациентите се подобрува нивото на енергија.
Wörwag Pharma GmbH & Co. KG – Информациите понудени за личното здравје на www.woerwagpharma.de се само за ваша информација и во никој случај не ја заменуваат личната консултација, преглед или дијагноза од страна на лиценциран лекар. Содржините дадени на www.woerwagpharma.de не можат и не смеат да се користат за подготовка на независни дијагнози и/или само-лекување. Забележете го и одрекувањето од одговорност и нашите информации за правата на сликата.